Не ја потценувајте силата на малите нешта


Оваа приказна што ќе ја прочитате е одличен животен потсетник дека малите нешта во животот имаат огромно значење во големата слика.

Истовремено таа го поставува прашањето, дали луѓето имаат сила и способност да реагираат на значајните промени во животот кои се случуваат полека и постепено?

Што ќе се случи со жабата ако таа се најде во лонец со врела вода? Веднаш ќе си помисли колку е непријатно во таа средина и дека ќе мора што побрзо да избега од таму. Во истиот момент таа ќе скокне и ќе се спаси.

Но, што ќе се случи со истата жаба ако се најде во лонец со ладна вода, ставен на оган кој полека се загрева?

Жабата ќе се отпушти. Таа секако ќе почне да приметува дека станува се потопло, но ќе си помисли: Малку топлина не ми пречи! Веќе во наредниот момент водата ќе биде доволно врела да ја убие.

Многу работи во нашите животи без да обрнеме доволно внимание на нив се таложат: долгови, вишок килограми, лошо здравје… Истите ќе ги приметиме и ќе им обрнеме доволно внимание кога веќе ќе биде доцна.

Запомнете, никогаш не треба да ја потценувате моќта на малите нешта. Помоќни се отколку што мислите.

Likes:
0 0
Views:
27
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *