Никому не му должите објаснувања-никој не го живее вашиот живот

Никому не му должите објаснување зошто вашите цели, желби и соништа се толку големи. Не очекувајте ни другите пред вас да ги оправдуваат сопствените соништа. Никому не должите објаснување дури ни тогаш кога ќе се откажете од вашите цели, или пак кога ќе ги промените.

Не морате никому да се оправдувате зошто го живеете животот онака како што го живеете. Тоа е ваше лично право. Никој од луѓето што ве опкужуваат не се над вас, ниту пак некој е под вас.


Никому не му должите објаснување зошто во нешто верувате. Дури и кога ќе се случи нешто што ќе ве разочара никому не треба да објаснувате зошто се случило тоа. Едноставно околностите биле такви. Никој нема право да ве осудува зошто сте поставиле високи стандарди, а потоа сте се откажале од нив.

Едноставно таков е животот.

Никому не му должите објаснување зошто сакате да се развивате како личност, зошто сакате другите да ве почитуваат, зошто вашите приоритети се такви какви што се и зошто им посветувате толку време и внимание. Ваша е одлуката со кого ќе ги поделите најинтимните нешта во вашиот живот,тоа ја оправдува вашата желба да бидете внимателни бидејќи сте свесни дека постојат луѓе кои се хранат кога вашето најсвето е  под нозете на човекот.

Вие могу добро разбирате на кој начин функционира животот-тоа е вашиот начин, оригинален и посебен. Токму затоа и вашиот живот е неповторлива приказна која вреди да се живее.

Likes:
0 0
Views:
114
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.