Однесувајте се како личноста во која што сакате да порасне вашето дете

Не е лесно да се биде мајка, особено кога оној тивок глас во главата често ве опоменува и ви буди милион прашања кои се вистинско измачување, дилеми кои се однесуваат на тоа дали вие како мајка сте го направиле и го правите се она што е најдобро за вашето дете, дали можеби сте можеле повеќе и подобро, дали сте добар родител, дали делувате во позитивна насока, исто како и другите мајки?

Тој глас треба да го победите со охрабрувачката мисла дека секоја мајка е незаменлива за сопственото дете. Секоја мајка го воодушевува сопственото дете на свој, уникатен начин.

Позитивниот став и самодовербата нека бидат ваши сојузници во родителството.

Полесно ќе можете да ги победите секојдневните предизвици на мајчинството потсетувајќи се дека:

– ако денес го прегрнете вашето дете, сте направиле и повеќе отколку што мислите
– вие не сте совршена мајка, вие сте онаква мајка каква што му треба на вашето дете
– одлуките кои што ги носат другите мајки не мора да се основа на вашите одлуки
– ги почитувате вашите деца исто како што се почитувате себеси
– да се биде добра мајка потребна е храброст, а вие сте најхрабрата личност на светот
– постои голема вредност во тоа кога на своето дете ќе му ја покажете својата ранливост
– однесувајте се како личноста во која што сакате да порасне вашето дете
– ако не ги сакате баш сите моменти од мајчинството не значи дека не сакате да бидете мајка
– убавината на детството лежи во прифаќањето на детето баш такво какво што е
– убаво е да го учите своето дете, но истовремено бидете отворени за лекциите на кои може да ве подучи детето
– го сакате своето дете тоа зачи дека со мајчинството ви оди сосема добро.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *