Победете ги непријатните телесни мириси на сосема природен начин

Непријатен здив, лош мирис под пазувите поради прекумерно потење  или непријатна миризба од стапалата – ако се соочувате со некој од овие проблеми ви препорачуваме да го испробате овој корисен трик како да ги победите сите тие непријатни мириси на сосема природен начин.

Секако, редовната хигиена и употербата на дезодоранс се пракса која и понатаму треба да ја следите, но редовната консумација на овој вкусен природен напиток може значително да ви помогне да го намалите интензитетот на непријатните мириси.

Медицината велии дека храната која ја внесуваме во нашиот организам во голема мера влијае на телесните мириси. Токму затоа, доколку се соочувате со ваков проблем, обратете внимание на хранливите намирници кои се дел од вашето секојдневно мени.

Подготовката на  пијалакот против непријатни мириси е многу едноставна.

Потребни ви се следниве состојки:

2 јаболка

3 листови свежа салата

грст свежо исечкан магдонос

1 исцеден лимон

половина кафена лажичка мелен ѓумбир

прстофат нане

50мл вода

Сите состојки добро се измиваат, лупат и се блендираат. Добиениот напиток  се пие секое утро на празен стомак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *