Победете ја несоницата со вкусниот чај од банана

Богати со калиум и магнезиум, бананите нудат совршена комбинација на минерали кои го релаксираат телото и го подобруваат квалитетот на сонот.

Ако имате проблем со чести несоници веруваме дека ќе ви помогне овој ефикасен природен напиток на база на банана.

За подготвување на овој чај користете банани од органско потекло на кои пред се треба да ги им ги отсечете врвовите и добро да ги измиете затоа што не е потребно да се лупат во текот на подготовката.

Две банани ставете ги во 400мл зовриена вода, додајте една кафена лажица цимет и една кафена лажица мед и оставете ги да вријат на тивок оган околу половина час.

Потоа процедете ја течноста и уживајте во убавиот вкус на чајот секоја вечер пред да си легнете.

Likes:
0 0
Views:
27

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *