Приказната за четирите мали животни лекции


Можеби еден ден ќе се уверите во тоа дека постојат луѓе кои никогаш нема да ве предадат, но пред да се случи тоа ќе морате да поминете низ разочарувањето од многуте предавства.

Еден ден ќе разберете дека надворешниот сјај е ништо во споредба со внатрешната убавина. Зошто? Се што е надворешно го губи сјајот при првиот дожд. Она што е внатре гори засекогаш, без разлика колку силно врне надвор.

Еден ден ќе сфатите дека добрината, грижата и љубовта се одлика на храбрите луѓе, тие се знак на внатрешната сила, а не се знак на слабост.

Еден ден ќе разберете колку вештина треба да поседувате за да ја постигнете убавината. Таа вештина секогаш доаѓа од вас самите, од вашата внатрешност. Таа не доаѓа од ништо материјално што го поседувате или го има околу вас.

„ Еден фотограф бил повикан на вечера кај прекрасна дама. Разгледувајќи ги неговите фотографии таа извикнала:

– Колку се прекрасни овие фотографии. Сигурно имате квалитетен и модерен фотоапарат.

Фотографот премолчел.

На заминување и рекол на жената:

– Ви благодарам за вечерата. Беше превкусна. Сигурно имате квалитетни садови за готвење„

Likes:
0 0
Views:
24
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *