Среќата се крие во убавите спомени и искуства – затоа патувајте

Материјалните предмети не се клучот на среќниот живот. Среќата се крие во убавите спомени и искуства- велат психолозите од универзитетот „Cornell“ во Њујорк.

Дали сте се запрашале, зошто маичката која толку долго сте ја посакувале откако сте ја купиле сте ја облекле само неколку пати, но првиот летен одмор без родителите го паметите и до најмалиот детал?

Купуваме предмети за да бидеме среќни. И да, тоа ни успева, но таа среќа трае кратко. Новите предмети ни се интересни на почеткот, како доказ на реализацијата на некои наши очекувања, но брзо се навикнуваме на нив-велат психолозите.

Од друга страна пак, среќата која ја чувствуваме кога доживуваме нешто ново со текот на времето се зголемува бидејќи стекнатите искуства остануваат длабоко во нас, создавајќи нови животни страници, спомени на кои и после децении ако се сетиме на нив ќе родат насмевка и барем трошка среќа.

Во ред е да ги сакате материјалните работи од вашето опкружување, дури и да мислите дека тие ја отсликуваат во целост ваша личност и дека на некој начин се поврзани со вашиот идентитет. Но бидете сигурни, дека не сте сосема во право. Тие предмети секогаш можат да постојат, ќе постојат дури и вие да не сте во нивната близина.

Но вашите спомени и искуства не го можат тоа. Тие не можат да постојат без вас. Всушност ние сме тој збир од искуства и спомени.

Затоа не се двоумете, патувајте.

Заштедата за нов поубав телефон пренаменете ја за ново незаборавно патување. На тој начин ќе создадете уште една нова среќна верзија од себе.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *