Твојот живот почнува дури кога ќе престанеш да им угодуваш на другите

Им угодуваш, во ред. Понекогаш е во ред.  Имаш некоја твоја причина. Само твоја, интимна! Можеби на почетокот мислеше дека тоа ќе ти донесе нешто, но со текот на времето всушност тоа ти стана навика, навика до тој степен што на крајот сфаќаш дека се почесто го губиш своето „јас“.


Се губиш себеси за да ги задоволиш другите, истите оние за кои си свесна дека нема да го направат за тебе тоа што ти го правиш за нив. Влезе во тој магичен круг и сега разбираш дека си врзана за туѓото размислување, често и зависиш од тоа.

Животот почнува кога ќе престанеш да им угодуваш на другите. На почетокот си помислуваш дека некој ќе примети, дека некој ќе рече „благодарам“, дека на некому му се важни твоите чувства и соништа. И виде. Со текот на времето, луѓето со своето однесување кон тебе те натераа да сфатиш колку всушност им значиш. Можеби помалку отколку што очекуваше. Можеби и некој позитивно те изненади.

Дали ти се случило да ги потиснеш своите вистински чувства од страв дека ќе ги повредиш туѓите чувства? Дали правејќи го тоа го изгуби својот став бидејќи не сакаш да се спротивставиш на туѓиот? Си велиш, ајде, за мир, само нека е добро. Научи да кажеш не, без да имаш потреба да ја образложиш твојата одлука!

Но дали е, дали е навистина добро? Дали доаѓа момент кога ќе се запрашаш зошто ли си толку несреќна?

Животот почнува кога ќе престанеш, по секоја цена, да им угодуваш на другите. Можеби им угодуваше на другите затоа што си човек со големо срце, и без разлика на се ќе продолжиш да им помагаш. Но внимавај, помагање не е истото со исполнувањето на нечии секојдневни желби, особено на оние луѓе на кои им е навистина сеедно, кои што ќе најдат нова жртва која ќе те замени додека да трепнеш.

Погледни малку кон себе. Размислувај за животот од сопствената перспектива. Почитувај се себе, прифати ги своите можности и шансата што ти ја дава животот да ги поправиш грешките. Прости. Прости си себеси. Тоа е најважно во моментот.

Сосема е во ред! Не се плаши од самотијата. Никогаш не би можела да бидеш осамена, ако си во друштво на твојата омилена личност – ти самата! Не мораш да убиеш дел од себе за да ги задржиш луѓето во твојот живот, истите оние на кои и не им е важно дали се или не се дел од твојот живот. Задржи ги до себе само оние личности кои ја препознаваат твојата оригиналност и не дозволуваат да се менуваш само за да бидеш дел од „целото“.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *