Четири глупави коментари кои луѓето ги имаат за природното породување

Одлуката за начинот на породување е индивидуална одлука на секоја идна мајка и треба да се почитува, се доколку медицинските околности не го наметнат начинот на породување.

Но, многу често, идните мајки се соочуваат со бројни коментари околу самиот начин на породување, без разлика дали се тоа искуства на жените кои веќе родиле или се коментари базирани на лични убедувања. Многу често тие коментари се полни со поддршка, но има и такви кои се иронични и често базирани на недоволна информираност.

Ако вашите планови и размислувања околу начинот на породување ве насочуваат кон вагиналното, природно породување, немојте да се зачудите ако ви се случи да слушнете и некои од овој тип на коментари:

– Зошто би сакала да го поминуваш тоа?

Тешко е на луѓето секогаш да им се даде одговор кој ќе ги задоволи. Затоа на ова прашање можете да одговорите бидејќи едноставно така сакате.

– Зарем не знаеш дека постои епидурална?

Освен ако сте живееле во пештера или во некоја земја каде што уште не се знае за епидуралната анестезија тогаш сигурно никогаш не сте слушнале за неа. Во спротивно, сте слушнале, сте размислиле и сте сфатиле дека таа не спаѓа во вашиот избор. А за причините зошто сте се одлучиле да ја чувствувате болката имате право да не говорите воопшто.

– Зарем сакаш да те боли додека раѓаш?

Глупаво прашање кое заслужува глупав одговор: Да, бидејќи сите ја сакаме болката, што поголема толку подобра! Луѓето кои го поставуваат ова прашање сметајте ги за недоволно едуцирани. Сигурно тие не располагаат со доволно информации за позитивните, но и негативните страни на епидуралната анестезија, затоа што и тие можат да бидат основа на вашиот избор.

– Почекај, ќе те видам кога ќе ти почнат контракциите!

Жените кои што раѓаат за прв пат можеби не се реално свесни што ги очекува, но жените кои раѓаат по втор пат веќе знаат на што треба да бидат подготвени. Стравот од непознатото не е ист со стравот од познатото. Но во извесна мера страв си е страв. Коментарите од типот ќе се предомислиш кога ќе видиш колку ќе те боли, а ќе ти биде предоцна за епидурална едноставно игнорирајте ги. Вие сте свесни за вашата сила како жена и како мајка и секако цврсто стоите зад одлуката што сте ја донеле.

Најважно од се е како вие психички се подготвувате за чинот на породувањето. Дел од вашата психичка сила треба да потекнува од едуцирањето и свесноста за тоа што треба да очекувате. Иако се надевате на најдобро, секогаш бидете подготвени за промена на планот за раѓање доколку докторите имаат доволни причини да ги направат тие неочекувани промени. Без разлика на кој начин ќе се заврши породувањето, она што потоа ве очекува е вредно за се што ќе поминете во тие неколку часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.