Чистење на душекот во домашни услови


Прв чекор во ослободување од присуството на грини на површината на душекот е неговото чистење со правосмукалка.

Оваа активност практикувајте ја редовно, најмалку еднаш неделно кога ќе ја менувате постелнината.

Втор чекор е употребата на сода бикарбона. Посипете сода помешана со неколку капки етерично масло од лаванда по целата површина на душекот и оставете да отстои околу еден час, а потоа детално исчистете го со правосмукалка.

Она на што треба да внимавате при читењето на душекот е истиот да не го намокрите премногу. Влагата во внатрешноста на душекот тешко се суши, претворајќи го душекот во плодна почва за појава на мувла. Дури и да има дамки кои бараат подетално чистење, употребете пена за суво чистење, специјално наменета за таа намена.

Погрижете се душекот да биде целосно сув пред да ја ставите постелнината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *