Што треба да се случи за конечно да почнеме да живееме?

Животот не е онаков како што сте го замислувале кога сте биле деца? Можеби не е, но каков и да е тој е прекрасен дар. Без разлика што и да ни се случи, колку и да ни е тешко во моментот, секогаш треба да се потсетиме дека животот има непроценлива вредност, иако во одредени моменти нема да бидеме задоволни од она што го имаме.

Што треба да се случи за конечно да почнеме да живееме? Уште само ова да се заврши, куќата да се среди, децата да пораснат… Годините минуваат, а ние постојано чекаме нешто да се случи за да почнеме да дишеме со полни гради, за да бидеме среќни и спокојни.

Годините во исчекување поминуваат, а со нив поминува и дел од нашиот живот, дел што никогаш нема да го вратиме. Можеби во староста ќе сфатиме дека додека сме ковале планови каков треба да биде животот скапоцени моменти веќе нечујно поминале, минути и денови кои никогаш нема да се повторат за да би можеле, овој пат, да ги проживееме како што треба.

Прифатете се што ви нуди животот, без приговор.

Обрнете внимание на се што ви се случува, на луѓето кои ве опкружуваат, на настаните и случувањата кои ве прават среќни или тажни. Дозволете си себеси да бидете тажни кога ќе доживеете неуспех, дозволете си неизмерна радост кога ќе го славите својот успех.

Да го извлечете го најдоброто од се што ве опкружува, значи да знаете да сакате. Сакајте со целото срце, сакајте ги другите, но сакајте се и себе, научете да ја цените својата улога во навидум непрегледната шема на нештата. Вашето присуство не е случајно.

Верувајте дека доброто со добро се враќа. Правејќи добри дела, помагајќи на другите кога и да можете вие собирате поени кај таа моќна и креативна сила наречена живот.

И на крајот, запоменете една од најголемите вистини: Животот никогаш и никому не му останал должен.

Likes:
0 0
Views:
17
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *