Јас сум таква жена, силна и нескршлива, непоправлива и неподнослива за многумина

Јас сум таква жена, силна и нескршлива. Можеби непоправлива и неподнослива за многумина.

Јас сум резултат на моите напори и мојот труд, на мојата тага и на мојата радост, на мојата истрајност и на мојата храброст.

Она што ќе го видите, кога и да погледнете во мене, е тоа што сум, без ниту трошка лажност.

Јас сум силна жена. Мојот ум има поголема сила од најсилниот мускул што некој човек може да го има.

Јас знам дека не можам да бидам совршена во се. Јас не ги затворам очите пред моите недостатоци, станувам свесна за нив и се трудам да се подобрам.

Јас го сакам сопственото тело. Се грижам за него и го прифаќам токму такво какво што е. Јас уживам во мојата кожа. Не се преправам дека сум нешто што не сум, секогаш сум своја, како и да изгледа мојата надворешност.

Јас не се срамам од моите години. Годините за мене се само број, тие немаат сила да ме ограничат во ништо.

Кога сум лута тогаш сум гласна, кога сум тажна плачам, кога сум среќна се смеам најсилно што можам. Ако не ми се допаѓаш јасно ќе ти го дадам тоа до знаење, лесно ќе те пуштам да заминеш од мојот живот, ако по грешка некако сум те пуштила во него.

Јас сум пристојна и независна во сопствените одлуки. Јас имам храброст да се соочам со сите животни предизвици. Тоа не значи дека не плачам. Напротив! Она што ме прави херој на животот е силата да ја истресам прашината од повредените колена на кои паднав и повторно да се исправам, порешителна од било кога.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *