Ароматеријапијата во домот не мора да е скапа инвестиција

На повеќето од вас, веруваме, ви е позната моќта на мирисите – неверојатно позитивно влијание врз квалитетот на животот во домот, креирање на пријатно опкружување и подигнување на нивото на позитивното расположение.

Тројна моќ.

Да се ужива во пријатна арома во домот не мора секогаш да биде скапа инвестиција. Исполнете го домот со суптилни зачини, билки и овошје. Доволно е еднаш дневно во сад со вода на оган да зовриете малку цимет, каранфилче и ванила за да можете во остатокот од денот да уживате во опојната арома.

Ефтино, едноставно и сосема природно.

Ако немате идеа како да си овозможите ароматерапија во домот на едноставен и пред се ефикасен начин обидете се на овие начини:

  • Натопете памучна вата со есенцијално масло по избор и ставете ја во кесичката од правосмукалката. Додека ја употребувате низ просториите ќе се шири прекрасен мирис. Уживајте во мирисот на маслата поставувајќи го натопеното парче памук во чист стаклен сад, кој пак ќе го сместите на некоја полица.
  • Поставете барем по една мирисна свеќа во секоја просторија од домот
  • Користете есенцијално масло од бор или нане за да го неутрализирате непријатниот мирис од цигарите
  • Натопете две дрвени штипки во масло од лаванда. Истите поставете ги во близина на перницата во спалната соба. Мирисот на лаванда ќе ви помогне да се релаксирате и полесно да заспиете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *