Важноста на рутината за малите деца по разводот на родителите

На сите деца, а особено на помалите деца е многу тешко да им се објасни дека мама и тато повеќе нема да живеат заедно.

Разводот е процес кој го погодува целото семејство и често неразбирлив за децата, особено за децата под четири годишна возраст.

Кога се обидувате на децата да им го објасните разводот важно е да нагласите дека и тато и мама сеуште ги сакаат децата исто како и порано и ќе ги сакаат и понатаму без разлика на тоа што родителите нема да живеат заедно. Родителите ја менуваат локацијата на живеење, но не и чувството на љубов кое го негуваат кон децата.

Иако овој факт за вас како родители ви е многу добро познат, сепак тоа не е случај и со малите деца кои можат да почувствуваат голем страв и возмениреност поради чувството дека ја губат љубовта од родителите. Поради тоа е потребно овие ситуации дополнително да ги вербализирате.

Бидејќи децата на таа возраст сеуште се во голема мера зависни од родителите сосема се очекувани некои регресивни начини на однесување како што се проблеми со спиењето, раздразливост, цицање на палчето, мокрење во кревет и сл.

Како и секогаш и сега покрај настанатите промени важно е да се создаде повторна рутина во животот на децата и од мајчина страна и од страната на таткото,  која постепено ќе го врати чувството на сигурност и доверба кај детето.

Likes:
0 0
Views:
130
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.