Вежбањето со вашето бебе може да биде навистина забавно

Во триесеттите години и понатаму најдобар начин за слабеење и одржување на телесната тежина, покрај диетите како начин на исхрана кои се рестриктивни кон јаглените хидрати, се интервалните тренинзи.

Жените на таа возраст, но и порано, кои веќе станале мајки сметаат дека е успех ако се наспијат час повеќе или пак се тушираат во тишина. Токму во групата на таквите мали успеси на мајките спаѓаат и вежбите, односно пронаоѓањето на слободно време во кое тие би ги практикувале вежбите.

Убавата вест е што вежбањето не секогаш мора да се одвива во специјализирани фитнес центри, туку и во домашен амбиент и тоа во друштво на вашето дете.

Доколку немате време не мора да се оптеретувате со тоа вежбите да бидат непрекинато извршувани во еднакви интервали и повторувања. Парцијалните вежби имаат сосема добар ефект-секако подобар ефект од ефектот што ќе го даде избегнувањето на вежбањето.

На прагот на пролетта и топлите сончеви денови сериозно размислете на ефектите што ќе има пешачењето. Долгите прошетки со вашето бебе во количката се исто така одличен начин за согорување на калориите.

Немањето време не е изговор-секогаш можете да вежбате заедно со вашето бебе. Заедничките вежби се одлична можност да уживате во блискоста со вашето малечко , да се забавувате и секако да ја намалувате тежината.

Обидете се!

Likes:
0 0
Views:
20
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *