Воведување на јајце во исхраната на детето пред да се прими ММР вакцината – зошто е тоа пракса

Лекарите советуваат прво да се воведе јајце во исхраната на детето пред да се прими ММР (мали сипаници-заушки-рубеола) вакцината. Зошто е тоа пракса?

Имено, ММР вакцината како дел од својот состав содржи извесна количина протеини од јајца, кои во раната фаза на детската исхрана може да бидат причинители на одредена алергиска реакција како исклучително ретка несакана појава.  Доколку детето веќе пројавило алергиска реакција на јајце треба особено да се внимава на можен анафилактички шок по примањето на вакцината.

Кај децата кои реагираат на јајца, пилешко месо или пердуви од живина со развивање на системски симптоми како што се пад на крвниот притисок, отежнато дишење, генерализиран осип и слично висок е ризикот за манифестација на алергиска реакција и на вакцината.

Малите сипаници се сериозно и многу заразно вирусно заболување што предизвикува треска, течење на носот, кашлица и болка и црвенило на очите, проследени со осип.

Заушките предизвикуваат треска, главоболка и воспаление на плунковните жлезди.

Приближно кај едно од секои 5.000 деца ќе се јави воспаление на мозокот. Болеста може да предизвика трајна глувост, а кај момчињата воспалување и оток на тестисите.

Рубеолата е болест која предизвикува отечени жлезди,болки во зглобовите и осип по лицето и вратот што траат два до три дена.  Закрепнувањето е секогаш брзо и целосно.

Likes:
0 0
Views:
24
Article Tags:
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *