Дамките на теписите ќе станат минато со помош на овој практичен совет

Ако погледот кон теписите во вашиот дом запира на неколку упорни дамки, тогаш не очајувајте, потребни ви се само малку време и состојки кои сигурни сме дека ги имате во вашата кујна, за да истите блеснат повторно со стариот сјај и мекост.

Упатствата за оваа постапка се многу едноставни, а резултатот воодушевувачки.

На една памучна крпа нанесете оцет и со тапкање поминете низ тепихот, особено фокусирајќи се на дамките и изразениата нечистотија.

Потоа земете друга чиста памучна крпка, натопете ја со вода и посипете врз неа сода бикарбона. Исто така, со тапкање, поминете ја повторно целата површина на тепихот, но добро втријте од содата на местата каде има дамки.

Оставете да отстои околу половина час.

На крај од постапката, со правосмукалка или со чистач на пареа темелно поминете ја површината.

На овој начин ќе ги исчистите и најзакоравените дамки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *