Детето фрла играчки и предмети – израз на лутина или игра

Фрлањето на играчките и останатите предмети е во ред-кога родителот ќе одлучи така – велат психолозите.

Без разлика дали станува збор за омилената плишана играчка која лета преку целата соба или шишенце за сок кое е безмилосно фрлено од хранилката, понекогаш ви се чини дека вашето дете ужива во тоа да ги фрла работите.

Зошто децата го прават тоа?

Не секогаш децата го прават тоа како реакција на бес и со цел да го искажат својот револт. Многу пати фрлањето на предметите децата го доживуваат како еден вид на експеримент – да видат што ќе се случи со предметот откако тој ќе падне на земја.

Фрлањето на предметите во воздух е нова вештина, исклучително забавна за децата во раната возраст. Многу деца се фасцинирани од ефектот на причината и последицата-што ќе се случи со вилјушката ако ја боцнам кожната столица? Ако вилјушката падне и при тоа се случи производство на звук од самиот пад, тоа ѕвецкање може да се претвори во навистина интересна детска игра.

Релано, не постојат целосно ефективни начини да повлечете строга линија и да им забраните на децата да го прават тоа. Најдобро е внимателно да го следите детето и да процените што е причината за таа постапка. Ако фрлањето на предметите детето го доживува како игра потикнете ја имајќи во предвид дека таа активност е нужна за детскиот развиток. Од друга страна, ако детето преку фрлањето на предметите искажува протест и револт потрудетете се моментално да ја спречите активноста и да ја откриете причината за таквото однесување преку разговор.

Добрата вест е дека потребата за фрлање на предметите со текот на времето избледува и не е повеќе интересна за детето.

Што можете да направите?

Пробајте да му објасните на детето дека некои предмети се пожелни да бидат фрлени ( топка, балон и сл. ) додека некои не се ( книги, колички, кукли и сл. )

Поминете заедно со детето низ последиците кои можат да се случат од таа активност. Во најдобар случај кога детето се подготвува да фрли некој предмет кој вие сметате дека не е дозволен едноставно одземете му го од рацете и објаснете зошто тоа не е добро да се фрли ( пример, камионот е тежок, може да повредиш некого и сл. ) Но, ако веќе детето го фрлило предметот (пр. камионот) и тој се скршил на многу парчиња или е направена друга штета обидетете се детето да ги воочи негативните последици од неговото дејство.

Не обрнувајте внимание ако детето плаче и ја сака играчката назад, дајте му меко топче или друг предмет кој што е поволен да биде фрлен.

Ако согледате дека детето ги фрла предметите поради тоа што се чувствува луто и исфрустирано, освен што ќе се обидете да ја дознаете причината за тие чувства, научете го детето дека е во ред да чувствува лутина која најдобро може да се искаже преку збор.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *