Детскиот шампон е спас за стеснетата облека по перење

Ако вашето омилено парче облека по перењето ви изгледа за број или два помало не грижете се, доволно е малку детски шампон истото да биде во перфектна состојба.

За да го вратите материјалот во првобитната сосотојба во пластичен сад со топла, но не прежешка вода, ставете околу триесетина милилитри детски шампон.

Парчето облека оставете го во водатата добро да се накисне. Потоа нежно исцедете го и така мокро добро растегнете го на голем пешкир кој потоа треба да го свиткате во форма на ролна за да ја упие водата. По петнаесетина минути одвиткајте го пешкирот и нежно повлекувајте ги краевите на парчето облека. Повторно замотајте го пешкиорот во ролна и оставете природно да се исуши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *