Децата одговараат на прашањето „Зошто со нетрпение чекам да пораснам?“

Светот на возрасните е една од најголемите детски мистерии. Во детството, оној период од животот кога сме најбезгрижни и понатаму најголема желба ни е да почувствуваме како е да си голем, возрасен.

Истражувањето спроведено од страна на порталот “YouGov”, во кое учествувале повеќе од 2000 деца на возраст помеѓу осум и тринаесет години открива зошто децата со нетрпение чекаат да пораснат.

Најпопуларната причина е привилегијата на возрасните да одат на спиење кога сакаат.

Останатите се:

– слобода да ги посетува пријателите кога и каде сакаат

– да го декорира домот по сопствена желба

– слободно одбирање на работните обврски со кои сака да се занимава

– имање на сопствено домашно милениче

– станување од кревет во било кое време

– можност да си купи што сака да јаде без приговори

– можноста да се има деца

– фарбање на косата со боја по желба

– можноста за тетовирање и пирсинг

Но, очигледно повеќето од децата не се свесни за фактот дека и возрасните не можат да прават се што сакаат. Несоменно, и во тој свет на возрасните постојат многу ограничувачки околности.

Истражувањето покажало дека децата се свесни и за не толку добрите (интересните) работи што ги носи животот на возрасните:

– одговорноста да се заработат пари

– да се платат сметките

– да се оди секој ден на работа

– немањето распуст

– задолжението да се пере облеката и да се чисти куќата

– немањето доволно слободно време

– добивањето на брчки по лицето

– губење на косата

– одење наместо носење во раце или возење со количка

…… и уште многу други не баш толку интересни животни ситуации кои нас возрасните сигурно ќе не натераат барем понекогаш да си речеме „ех да сум сега дете… “

Likes:
0 0
Views:
21
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *