Дружењето со другите мајки ги прави мајките попаметни-тврди науката

Дружењето на младите мајки со другите мајки ги подобрува менталните функции-тврди науката.

„Дружењето со другите мајки ги прави мајките попаметни“ – велат научниците, а причината за оваа позитивна промена ја наоѓаат во меѓусебното споделување на корисни информации кои се однесуваат на секојдневието, а најмногу на начинот на воспитување и нега на децата.

Дури и да ви се чини дека за тоа не требаат некои особени советувања, сепак, родителството не е нуклеарна физика, сепак останува фактот дека секоја мајка тежнее кон тоа да го даде максимумот од себе во правилниот начин на подигање на своите деца. Токму разговорите поврзани со оваа тематика го стимулира мозокот на мајката во позитивен еволуциски аспект.

Ако сте мајка, тоа не значи дека треба да бидете изолирани во домот и максимално фокусирани на домаќинството и остварувањето на потребите на членовите на тоа домаќинство. Поминувајте време надвор, со своите пријателки, дружете се и разменувајте искуства.

Не го заборавајте и своето омилено хоби. Понекогаш, вниманието кое ќе си го дадете самите на себе е клучната алка во успешното родителство.

Likes:
0 0
Views:
133
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.