Емоционална интелегенција кај децата

Можеби за многумина возрасни, детските емоции изгледаат површински и краткотрајни, сепак тие можат да бидат исклучително силни и да имаат значајна улога во остварувањето на детето како возрасна личност во подоцнежниот период од животот.

Психолозите велат, негативните емоции во раното детство можат да имаат голема негативна последица и решавачко влијание врз развојот на детската личност во целост, манифестирајќи се во подоцнежната возраст со извесни отстапувања од очекуваниот психолошки развој. Токму затоа, една од поголемите родителски грешки е фактот што често возрасните не ги земаат сериозно во предвид искажаните емоции од страна на детето.

Најдобар пристап кој отворената детска мисла и чувствата кај детето е оној преку играта. Преку игрите можат да се спознаат реалните детски размислувања но и да се влијае врз детските емоции, а врз негативните емоции да се влијае на начин кој ќе делува кон елиминирање на нивните причинители и нивно соодветно канализирање.

Затоа уште во раната возраст од голема важност се кооперативните игри кои придонесуваат да се негуваат емпатични, другарски и соработнички односи меѓу децата, децата да научат да не се лутат кога губат, да знаат да споделат и да даваат и слично.

Развивањето на емотивната интелегенција кај децата е сегмент од детскиот развој на кој секој родител треба да посвети доволно внимание. Емотивната интелигенција е нешто што се развива во текот на целиот живот на една личност,  но многу е важно да се почне со рана интервенција во насока на развивање на емоционалната интелегенција кај децата, со цел тие да сфатат какви промени настануваат во нив при реагирање на различни животни ситуации со кои се среќаваат.

Likes:
0 0
Views:
29
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *