Животот со искрена жена е вистински предизвик за мажите

Многу мажи тврдат дека искреноста е она што го сакаат од жената, често критикувајќи ги оние жени кои во односнот со мажите манифестираат емотивна манипулација и неискреност.

Но, кога тие ќе застанат очи во очи со навистина искрена жена, дел од мажите многу брзо сфаќаат дека искреноста воопшто не е како што тие си ја замислиле туку напротив, често може да биде непријатна затоа што реално искрените жени имаат незгодна навика-да бидат искрени во се.

Дури и да се двоуми, искрената жена на крајот секогаш ќе ја одбере опцијата да ја каже вистината. Таа вистина може дабиде смешна, болна, непријатна или предизвикувачка но ќе биде кажена, токму таква каква што е. Доколку не сте навикнати на непосредност и отвореност во комуникацијата ќе збуните, а можеби и ќе се навредите – но тоа е ваш проблем.


Мажите кои живеат со искрена жена мора да се навикнат на нејзините незгодни прашања. Можеби нејзините прашања се предлабоки, премногу лични, отвораат болни теми кои со драго срце би сакале да ги заобиколите, но таа знае да понуди и силни, конкретни но и тешки одговори – таа е на нејзиниот терен, а вие на лизгав.

Нејзиниот отворен пристап кон мажите можеби изгледа дека е помалку агресивен. Кога мажот ќе се постави одбрамбено во однос на нејзините барања, што таа бара во врската, што таа очекува од мажот и што и пречи, ќе се најде целосно збунет и разоружан пред нејзината ранливост, која исто така, воопшто не ја крие. Таа отворено разговара за своите чувства, а чувствата и се широк спектар, длабок и комплексен, од кој, на многу мажи ќе им се заврти во главата.

Додека се соочувате со сознанието дека искрената жена не игра емоционални игри, сигурно ќе се прашате: Како може, една жена да чувствува толку емоции одеднаш?

Likes:
0 0
Views:
28
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *