Знаци кои укажуваат дека доењето е успешно

Педијатрите советуваат дека во најдобар случај, мајката треба да дозволи бебето да остане на дојката се додека самото не ја испушти.

Доколку бебето е поставено во правилна положба и правилно ја опфаќа ареолата тогаш брадавиците нема да се оштетат со долготрајното доење.

Во првите шест месеци не е потребно дополнително воведување ниту на вода ниту на чаеви. Ако ви се чини дека бебето е жедно понудете му го вашето млеко.

Постојат пет основни знаци кои укажуваат на тоа дека доењето е успешно:

– веднаш по подојот дојките се испразнети и помеки од пред подојот

– бебето чујно голта од млекото

– кога ќе се чувствува сито бебето без плач само ја испушта дојката

– по 20 дена од раѓањето новороденчето ја враќа својата родилна тежина

– бебето има околу 8 мокри пелени во 24 часа

Likes:
0 0
Views:
21
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *