Како да ги отстраните дамките од мастило на облеката

На сите нас барем еднаш ни се случило со мастило, најчесто мастило од пенкало, да го „обоиме“ омиленото парче облека.

На прв поглед, колку и да изгледа невозможно, дамките од мастило можат многу лесно да се исчистат со помош на неколку состојки кои најчесто се дел од нашата кујна. Но сепак, за постигнување успех во овој потфат потребно е да реагираме што е можно побрзо, за да го спречиме сушењето на дамката.

За да ја зголемите ефикасноста на методите за елиминирање на дамките од мастило, прв чекор е да се намали интензитетот на дамката. Тоа ќе го постинете со впивање на поголемиот дел од мастилото со помош на мека хартија. Секако, ова нема во целост да ја исчисти дамката, но значително ќе помогне во успехот од понатамошните чекори.

Лакот за коса е прв на листата. Со негова помош можете да ги отстраните дамките од мастило од ткаенините на тој начин што ќе земете мека хартија која ќе ја поставите под местото каде што се наоѓа дамката, а одозгора ќе прскате лак за коса директно на дамката. Веднаш потоа земете влажна крпа со која силно ќе тапкате врз дамката. Постапката повторете ја неколку пати, се додека дамката драстично не избледи. На крај, исперете ја облеката во машина за перење.

Глицеринот, исто така, е ефикасен во борбата против дамките од мастило. Пред да го нанесете глицеринот на дамката, благо загрејте го. Премачкајте ја површината на ткаенината, протријте, а потоа исперете ја со млака вода. На крај, ставете го парчето облека во машина за перење и исперете го на вообичаениот начин.

Доколку дамката од мастило е врз бела ткаенина, тогаш најефикасен начин за нејзино елиминирање е токму топлото млеко.  Потопете го оној дел од парчето облека каде што лежи дамката во топло млеко. Оставете да отстои се додека не се олади млекото. Потоа исперете го парчето облека на вообичаениот начин.

Likes:
0 0
Views:
23

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *