Како да ги победите мачнините во бременоста

Точно е дека бременоста е еден од најубавите периоди во животот на една жена, но справувањето со мачнините знае да биде исцрпувачко искуство.

Прашањето кое повеќето трудници си го поставиле барем еднаш во текот на бременоста е зошто ли  се викаат утрински мачнини, кога траат во текот на целиот ден?

Најважното правило во борбата против упорните мачнини во текот на бременоста е воспоставување на режим на исхрана кој гарантира чести, но умерени оброци.

На трудниците им се препорачуваат повеќе мали оброци во текот на денот, па така, секогаш е подобро да изедете шест мали отколку три обилни оброци.

Масната и високо калорична храна никогаш не е добар избор за појадок, особено ако сте трудница. На менито на трудницата секогаш треба да бидат застапени свежи хранливи производи како природен извор на витамини и минерали, а особено храна која е богата со протеини.

Солените грисини и овошјето се секогаш добар избор за оброк, особено кога се во комбинација со ѓумбир.

Јогуртот е природен извор на витаминот Б6 кој помага против мачнините. Две чаши јогурт во текот на денот може значително да ги олеснат тегобите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *