Како до чиста и сјајна кожна гарнитура

Ако сакате вашата гарнитура секогаш да биде чиста, мека и сјајна потребно е правилно да ја негувате. Во редовното одржување може да би помогне ова природно средство на база на оцет и лимон.

Во подлабок сад ставете неколку лажици алкохолен оцет во кој ќе додадете дваесетина капки од етерично масло од лимон. Натопете мека микрофибер крпа во течноста и темелно пребришете ја површината на кожната гарнитура. Бришете со лесни, кружни движења. Внимавајте, крпата не треба да биде премногу мокра.

Откако ќе ја пребришете гарнитурата оставете ова природно средство да делува преку ноќта. Наредниот ден повторно пребришете, но овој пат со чиста и сува крпа.

Никогаш во текот на чистењето на кожната гарнитура не користете маслиново масло, бидејќи ќе ја зголемите веројатноста да се оштети кожата.

Likes:
0 0
Views:
111

Leave a Reply

Your email address will not be published.