Како правилно да ги поставите огледалата во спалната соба

Никогаш не можете да имате премногу огледала во домот велат следбениците на фенг шуи.

Токму според фенг шуи правилата огледалата во спалната соба имаат голема улога во љубовниот живот, но истите треба да се поставуваат со голема внимателност.

Приврзаниците на фенг шуи остро се спротивствавуваат на струјата која тврди дека огледалата во спалната соба се погубни за љубовниот живот бидејќи тие имаат способност да создадат илузија дека во собата има повеќе луѓе од реално присутните, што индиректно може негативно да делува на човечката психа.

Препораката гласи – што поголем прилив на енергија во текот на денот во спалната соба, толку помирен сон во текот на ноќта. А токму во тоа акумулирање на позитивна енергија во голема мера можат да помогнат правилно позиционираните огледала. и природните извори на светлина.

Најлоша положба за огледалото е хоризонталното поставување со брачниот кревет или над него, на таванот. Се верува дека таа позиција има штетно дејство врз односот помеѓу брачните партнери.

Најдобра позиција е дијагоналната поставеност на огледалото во однос на брачниот кревет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *