Колку килограми плус треба да добиете во бременоста

Бремената жена е во логично исчекување килограмите да се зголемуваат како одминува бременоста. Но, во раната бременост, иако звучи неверојатно, сепак е нормална појава да настапи намалување на телесната тежина.

Намалувањето на килограмите кај трудниците се забележува во случај на постоење на интензивни утрински мачнини и често повраќање.

За среќа, докторите смируваат – килограмите што се губат на почетокот на бременоста во никој случај немаат влијание врз правилниот развој на едно здраво бебе.

Впрочем, зголемувањето на телесната тежина, на почетокот од бременоста е минимално. Па така, се проценува дека во просек трудницата добива два до три килограми плус во текот на првото тромесечје. Во понатамошниот тек на бременоста, се очекува трудницата да добива во просек по половина килограм повеќе за секоја измината недела.

Жените со просечна телесна тежина, во текот на бременоста, во просек добиваат од 8 до 15  килограми повеќе, потхранетите жени со индекс на телесна маса под 18,5  можат да добијат и од 13 до 18 килограми плус, додека пак жените со зголемена телесна маса пред бременоста, односно со индекс на телесна маса над 25, би требало да ја зголемат тежината за максимум 10 килограми.

Секако, секогаш треба да се има во предвид дека секој организам е индивидуална целина, па така, горенаведените параметри на очекуваното зголемување на телесната тежина земете ги во предвид како просечни и очекувани вредности.

Leave a Reply

Your email address will not be published.