Колку финансии се трошат за пелени до првиот роденден на детето

Праксата вели- во текот на првиот месец од животот на бебето потребно се помеѓу десет до дванаест пелени во текот на денот.

Ако во просек едно бебе врши голема нужда три до четири пати дневно, а мала околу седум пати како минимум се земаат шест мокри пелени во денот, но тогаш станува збор за период после првиот месец.

Честото менување на пелени е добар знак. Според стручњаците помалку од шест мокри пелени на ден е потенцијален знак дека доенчето најверојатно не добива доволно храна и хранливи материи.

Дали се прашувате колку всушност пелени ќе потрошите во текот на првиот месец од животот на бебето, односно во текот на неговата прва година?

Пресметката е едноставна. 8-10 пелени во денот помножено со 31 ден во месецот тоа се 248 до 310 пелени во текот на првиот месец од животот на бебето.

Ако за просечна вредност се земат шест пелени во периодот после првиот/вториот месец тогаш пресметката вели дека се потребни околу 2190 пелени во текот на првата година од животот на бебето.

Доколку ја земеме втората година од животот на бебето како период на одвикнување од пелените тогаш ќе забележиме дека во просек ќе бидат потребни околу 4380 пелени.

Ако просечната вредност на една пелена ја земеме да изнесува околу 15 денари тогаш за период од две години на родителите ќе им бидат потребни околу 65,700 денари само за таа намена.

Likes:
0 0
Views:
21
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *