Направете го најдобриот избор за ужина

Покрај трите главни оброци, ужинките се неизоставен дел од добро избалансираната исхрана.

Следејќи ги советите на светски познатите нутриционисти никогаш нема да згрешите при изборот на продуктите кои ќе ги консумирате како ужина во текот на денот, обезбедувајќи му на вашето тело дополнителна енергија во текот на напорниот ден.

Најдобар избор за ужина се овошјето и зеленчукот. Оптимално количество на овошје и зеленчук во свежа форма кое би требало да го консумирате во текот на денот е околу половина килограм. Свежото овошје и зеленчук секогаш јадете ги барем еден час пред следниот оброк.

Доколку видот на зеленчук не дозволува да уживате во неговиот свеж вкус, обарете го на пареа.

Не се двоумете да направите совршени комбинации на овошје и зелечук во одреден свеж и здрав напиток, но при тоа не додавајте дополнителни шеќери при подготовката. Една голема чаша од секој напиток подготвен од свежи состојки е чекор до подобро здравје.

Освен свежите производи од природата, црното чоколадо, исто така, е одличен избор за ужина. Богато со антиоксиданси и минерали, особено калциум и магнезиум, ова слатко задоволство може да ви помогне полесно да се справите со секојдневниот стрес. Само неколку коцки црно чоколадо делуваат благотворно врз намалување на нивото на серотонин во организмот и го подигнуваат нивото на расположение.

Последни на нашиот список на здрави намирници за ужина, но не и помалку важни се токму јаткастите плодови. Тие се богати со незаситени масти и имаат исклучително богат минерален состав. Здравите масти кои се составен дел на јаткастите плодови докажано го намалуваат нивото на лошиот холестерол и штитат од појава на дијабетес. Редовното консумирање на јаткасти плодови овозможува да имате здрава и нутритивно избалансирана исхрана, но сепак внимавајте, често тие имаат високо калорична вредност, па токму затоа доволно е да изедете само еден грст плодови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *