На децата не им треба идеална, им треба среќна мајка!

Обидете се да се ставите во улогата на детето, а можеби и да се потсетите навраќајќи се во минатото како вие како дете сте се чувствувале кога вашата мајка била лута, тажна или нерасположена? Ако како родител му понудите на вашето дете лоша, негативна емоција, логично е детето да го рефлектира вашето однесување и да ви возврати на ист начин.

Бидете сигурни, вашите деца ќе ве сакаат дури и ако им направите сендвич за ручек наместо готвен оброк кој ќе го извадите од рерна. Вашите дека ќе ве сакаат дури и ако на огледалото се гледаат отисоци од детски прстиња, дури и ако блузата за на училиште не е испеглана.

Се чини дека некако природно доаѓа тој феномен во животот на сите нас, во еден период од животот да ја изгубиме способноста да ја препознаеме среќата што не опкружува. Истото се случува и во родителството, премногу често ги анализираме своите грешки, премногу време поминуваме во потценување на сопствените родителски способности. Не, не е потребно постојано да се форсирате да се претставите пред вашите деца како супер херој – вие веќе сте, колку и да не изгледа тоа така.

На децата не им треба идеалност, им треба среќна мајка! Бидете среќни и сакајте ги. Тоа е животната храна која му е потребна на секое дете.

Likes:
0 0
Views:
24
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *