Подгответе домашен шампон од коприва против косопаст

Во народната медицина копривата се смета за еден од најдобрите лекови од природата која помага, пред се, во одржување и подобрување на имунитетот, но се препорачува и при лекување на одредени заболувања, како што се заболувања на црниот дроб и жолчката, заболувања на респираторниот тракт и дигестивниот систем.

Ако страдате од алопеција, проретчена коса или слабо и кршливо влакно тогаш не се двоумете да се потпрете на моќта на оваа скапоцена билка која е ризница на витамини, особено на витаминот Ц, но и на многу други минерали кои ги хранат фотикулите на влакното.

За да подготвите домашен шампон од коприва против опаѓање на косата, потребни ви се само неколку состојки:

– 100 грама сув лист од коприва
– 30 милилитри јаболков оцет
– малку неутрален шампон
– половина литар вода

Подготовката е едноставна.

Во сад на оган, во вода ставете да зоврие сувиот лист од коприва. Варете на тивок оган десетина минути, а потоа оставете ја течноста да отстои уште половина час. Процедете.

Додадете го јаболковиот оцет и шампонот. Добро промешајте.

Со оваа смеса масирајте го скалпот пред да преминете на регуларното миење на косата. Домашниот шампон од коприва е погоден за секојдневна употреба.

Likes:
0 0
Views:
128

Leave a Reply

Your email address will not be published.