Практични совети за одлични резултати во учењето

Целта која ве води напред е дипломата во вашите раце?

Со помош на овие практични совети и корисни трикови веруваме дека ќе постигнете одлични резултати во учењето.

– Внимавајте на претераната самоувереност

Не, не знаете се. Секогаш учете и повеќе отколку што мислите дека треба.

– Повторувањето е мајка на знаењето

Учете и повторувајте, повторувајте, повторувајте….

– Направете визуелни белешки

Не мора тоа да се уметнички дела, но визуелните претставувања на материјата што треба да се совлада во форма на цртежи, скици, мапи и слично помага истата полесно да се меморира.

– Блокирајте го сето она што ќе ви го одземе вниманието додека учите

Исклучете го телефонот, компјутерот, таблетот, телевизорот…. Ве предизвикуваме!

– Овозможете си квалитетен сон

Сонот ви е потребен за подобрување на способноста за квалитетно размислување и подобрување на конгитивните способности

– Правете редовни паузи додека учите

Истражувањата покажале дека оптималното време за квалитетно учење во континуитет е дваесет и пет минути. Потоа е потребно да направите барем десетина минути пауза.

Likes:
0 0
Views:
23

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *