Прераното воведување на кравјо млеко во детската исхрана е штетно за детското здравје

Многу досегашни истражувања го поврзуваат развојот на дијабетес тип 1 кај детето со хранењето на детето со кравјо млеко уште во најраната возраст.

Имено, најновото во групата истражувања кои го докажуваат негативниот ефект што врз здравјето на детето го има воведувањето на кравјото млеко пред четвртиот месец од животот е едно финско истражување кое укажува на фактот дека воведувањето на производите од кравјо млеко во раната возраст и големата, односно честата консумација на млеко во текот на раното детство предизвикува зголемување на нивото на антителата од кравјото млеко во детскиот организам.

Од друга страна пак, овој факт е поврзан со зголемувањето на ризикот за развој на дијабетес зависен од инсулин во текот на животот на детето.

Доењето значително помага во намалување на ризикот од појава на дијабетес тип 2.

После првата година бебешкиот организам е спремен за преработка на кравјото млеко. За детето полесно да го прифати и да ја засака оваа корисна намирница, во исхраната треба да се воведе постепено, пред се во комбинација со овошки и зеленчук.

Likes:
0 0
Views:
26
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *