Причина плус да додадете сода бикарбона во вашиот шампон

На сите ние е веќе добро позната огромната примена на сода бикарбоната во домаќинството. Но, секако треба да знаете дека таа прави вистински чуда и во козметиката.

Овој бел прав има неверојатна способност да ве спаси од досадниот перут и да го стопира интензивното опаѓање на влакната на косата.

Доколку додадете малку сода бикарбона во шампонот што регуларно го користите за миење на косата, ќе го смирите иритираниот скалп на главата, а кожата ќе ја намали продукцијата на себум, помагајќи ви да го решите проблемот со перутот.

За таа цел доволни се само две лажици сода бикарбона. Истите промешајте ги во малку вода со цел да добиете смеса налик на бела паста. Потоа во пастата од сода бикарбона додајте малку шампон и така подготвената смеса нанесете ја на косата. Добро протријте го скалпот и исплакнете.

Веруваме дека за неколку дена ќе го почувствувате благодетот од овој едноставен практичен совет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *