Со закани и викање нема да добиете послушност од страна на детето

Без разлика дали детето не одговара соодветно на дадениот налог или наредба во најкус можен рок или  пак во целост ја игнорира, тоа кај родителите може да предизвика фрустрација што придонесува родителите да реагираат на тој начин што самите ќе го извршат тоа што го побарале од детето или ќе го заострат својот вербален исказ со цел да добијат послушност.

Ако вашето дете не ги слуша вашите упатства веќе подолго време тоа значи дека редно време е да размислите дали вие како родители некаде грешите.

Постојат многу начини на однесување на родителот преку кои се постигнува спротивниот ефект-детето наместо послушност на неговите барања реагира со игнорирање на барањата или со инает.

Ако на детето постојано му приговарате околу некоја работа веројатноста на детето да му се здосади таа честа и директна наредба е голема. Секако дека на секое темпераментно дете му е потребно внимание и ограничување од страна на родителот, но потребно е тие ограничувања внимателно да се филтрираат. На пример: едно е да му наложите на детето да не вреска во дванаесет часот на полноќ затоа што соседите можеби спијат, а друго е да приговарате зошто детето не го обоило предметот во боенката не преминувајќи ги линиите.

Психолозите тврдат дека доколку детето константно се соочува со вашето викање, приговарање и ограничување логично е да крене звучна завеса околу себе и едноставно да ве игнорира како родители, игнорирајќи го всушност оној досаден глас во главата.

Она што сакате да му го кажете на детето кажете му го едноставно, а вашите лични желби и преферирања сочувајте ги за себе. Сепак имајте во предвид дека му се обраќате на мало дете кое не може да ги направи работите токму онака како што вие сте си замислиле дека треба да бидат направени. Вооружете се со трпение и внимание, упатствата давајте ги со доза авторитет, а не ги изговарајте како на соседот да му барате малку шеќер на заем. „Те молам душо, оди да си ги измиеш забите“ заменете го со „Јас сметам дека сега е време да си ги измиеш забите“.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *