Спречете го прекумерното потење со помош на домашна ароматична пудра

Природната козметика нема да ве чини скапо, а од друга страна, може да ги исполни очекувањата дури и на најпребирливите личности.

Природен и без ниту една токсична состојка во својот состав, домашниот антиперспирант ќе ве заштити од прекумерното потење под пазувите и ќе ви помогне да се чувствувате свежо во текот на целиот ден.

Потребни ви се две лажички сода бикарбона, една лажичка пченкарен скроб, една лажица маслиново масло и неколку капки есенцијално масло од нане или од лимон.

Сите состојки измешајте ги во подлабок сад се додека не добиете прашкаста смеса.

Вака подготвената домашна пудра против прекумерно потење чувајте на темно и суво место.

Употребувајте ја согласно потребите.

Likes:
0 0
Views:
125

Leave a Reply

Your email address will not be published.