Хоби за креативци-начин да се победи стресот

Училиште, работа, обврски во домот-премногу задачи во текот на денот но премалку време. Колку и да се обидувате тешко е да не мислите на обврските кои ве очекуваат во нарениот период.

Во тоа може да ви помогне вашето омилено хоби.

Малку време посветено на вашата омилена активност може да придонесе да се чувствувате позитивно и да го одморите умот.

Често можеме да слушнеме дека читањето книга или слушањето музика е нечие омилено хоби, но доколку сте креативни, психолозите препорачуваат да почнете да пишувате. Направете го тоа на стариот добар начин, се што ви треба се само неколку листови и пенкало. Пренесувајќи ги вашите мисли, идеи и доживувања на хартија го чистите умот и уживате во вашата креација.

Науката вели, времето поминато во градината лекува. Грижете се за вашата градина, засадете и негувајте ги растенијата, а потоа уживајте во вашето дело со омилениот напиток во вашите раце. Аранжирањето на цвеќињата ја буди креативноста, ве исполнува со позитивни чувства и задоволство, а сигурно го уништува и стресот.

Доколку не се пронајдовте во предходните предлози, а сметате дека сте креативна личност посветувањето време на проектите „направи сам“ е одличен избор. Во зависност од времето и материјалите со кои располагате, одберете проект кој ќе го завршите во целост. Започнете со некој помал проект кој ќе биде одраз на вашата фантазија. Фокусирајќи се на задачата ќе ги заборавите проблемите, а на крајот ќе бидете исполнети со задоволство што сте направиле нешто сосема ново, нешто што ја отсликува вашата позитивна страна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.