Во што најмногу уживаат бебињата додека се во мајчиниот стомак

Врската помеѓу мајката и нејзиното бебе, дури и додека тоа удобно ја чека првата средба со неговата мамичка во матката, е навистина посебна.

Многубројни истражувања докажале дека уште во раниот стадиум на бременоста се пренесуваат одредени импулси до фетусот кои потекнуваат од психолошката состојба на мајката па се до нејзините секојдневни навики.

Рецепторите за допир кај плодот се развиваат во текот на 8-та недела од бременоста, а бебето може да почувствува благ допир дури околу 22- та неделата. Да, на вашето малечко во утробата му се допаѓаат допирите на мајчиниот стомак. Тоа е одличен начин да се воспостави врска помеѓу мајката и бебето.

Кога бебето во мајчиниот стомак доволно ќе порасне за да може да врши притисок и кон кожата, освен што ќе може да ги почувствува допирите ќе може и да ги почувствува температурните разлики. Затоа мамички, внимавајте кога се туширате тоа да не биде со ладна вода, или пак претопла. Она што делува навистина смирувачки е топлата купка, во која се препорачува сепак да не се задржувате предолго.

Позитивен ефект врз благосостојбата на бебето во мајчиниот стомак има и мајчиниот глас-тон кој се издвојува од сите останати звуци кои ги слуша бебето. Мајчиниот глас бебето го доживува како близок и го распознава веднаш по раѓањето. Уживањето во мајчиниот глас е најизразено во периодот после 25-та недела од бременоста. Мамички, разговарајте со вашето бебе, тие разговори за него се навистина релаксирачко искуство кое овозможува чувство на мир и задоволство.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *