Дали собата каде што престојува детето треба да биде климатизирана

Краткиот одговор на ова прашање од страна на педијатрите е – да! Но, без исклучок треба да се почитуваат неколку правила.

– РЕДОВНОТО ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТРИТЕ е исклучително важно бидејќи нечистите филтри може да претставуваат легло на микроорганизми кои лесно се шират низ стамбениот простор.

– КЛИМАТА НЕ СМЕЕ ДИРЕКТНО ДА ДУВА КОН ДЕТЕТО затоа добро внимавајте на подесување на крилцата на вентилаторот. Престојот во станот треба да биде пријатен без при тоа ниту еден од жителите да не биде изложен на директно струење на ладниот воздух.

– ВНИМАВАЈТЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА, сепак не треба да постигнете температура како во леденото доба. Правилото гласи температурата во собата да биде максимум до десет степени пониска од надворешната. Без разлика на правилото, секогаш одржувате темепратура на воздухот која е пријатна за сите па и за детето, но не пониска од 20 степени.

Likes:
0 0
Views:
109
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.