Детето доцна и тешко заспива, немирно спие и рано се буди-постои решение

Детето доцна заспива, рано се буди, а понекогаш можат да поминат и часови во период на будност преку ноќта. Ако се пронајдовте во оваа реченица ви предлагаме да размислите за воспоставување на квалитетна рутина пред спиење. Тоа е одлична и едноставна стратегија која прави навистина голема разлика во тоа колку брзо бебето ќе заспие и дали ќе му биде потребна твојата помош.

Како што на повеќето луѓе им е потребно време пред спиење да ги извршат секојдневните ритуали ( миење на заби, местење на кревет, читање книга, гледање телевизија и многу други ), а на крајот им е потребно време да го најдат најдоброто лежиште, нешто слично се случува и кај малите деца.

Воспоставувањето на квалитетна рутина пред спиење ќе му помогне на бебето да се релаксира пред да се смести во своето креветче, да даде јасен сигнал дека многу скоро следи период на спиење, но и да овозможи поминување на навистина квалитетно време на детето со родителите што секако може да прерасне во еден прекрасен начин на зближување.

Еден час пред планираното време за легнување во кревет можете да ги започнете активностите кои се дел од рутината која сте одлучиле да ја воспоставите, без разлика дали станува збор за топла купка, читање на омилената приказна, пеење на приспивни мелодии или нешто друго што сметате дека е соодветно.

Секако, никој родител не би сакал да биде тотален роб на рутината на спиење на детето, но едно е сигурно, дремките во автомобилското седиште, столче за хранење или други слични местоположби не му овозможуваат на детето квалитетен, длабок и мирен сон. За развивање на најдобри навики малите деца треба да имаат за нив позната и комфорна зона на спиење, место каде што се оди, соба во која што се влегва секогаш кога е дојдено времето за спиење, без разлика дали е попладневна дремка или вечерен сон.

Доследноста во придржувањето на рутината која ќе ја воспоставите секогаш може да биде доведена во прашање кога одредени обврски или важни настани ќе ве спречат во тоа, но за квалитетен сон и брзо заспивање, важно е да останете доследни на неа во поголемиот дел од времето.

Likes:
0 0
Views:
108
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.