Децата зборуваат пет јазици на љубовта

Вистината е дека некои деца не можат да почувствуваат безусловна љубов од нивните родители. Главниот проблем не е во тоа дека родителите не си ги сакаат своите деца, туку дека едноставно не знаат како да го надополнат емоционалниот резервоар што секое дете го има во себе, односно не знаат на кој начин да ја пренесат таа љубов на детето.

Некои родители претпоставуваат дека е доволно да ги сакаат своите деца а тие самите ќе ја почувствуваат љубовта, други пак сметаат дека е доволно да кажат – те сакам- за да детето се чувствува сакано. За жал, тоа не е секогаш така.

Доктор Гери Чапман и доктор Рос Камбел во својата книга ‘Пет јазика на љубовта кај децата’ напоменуваат дека родителите можат да ја задоволат емоционалната потреба за љубов кај детето само доколку научат да ги говорат петте јазици на љубовта.

Тоа се:

– Телесниот допир- сите деца имаат потреба од физички допир. Децата кои го говорат овој јазик на љубовта имаат потреба од прегратки и бакнежи од родителите за да ја почувствуваат вистината во зборовите-те сакам-

– Изразување на признание – пофалбите и охрабрувањата имаат исклучително позитивно влијание на децата и тие на тој начин можат да почувствуваат уште поголема љубов од родителите

– Квалитетно време- најважен фактор кај квалитетното време не е фактот дека времето го поминувате заедно со детето туку начинот на кој го поминувате тоа време

– Подароци – подароците треба да се даваат како израз на љубовта за да децата не ги примаат како нешто што се очекува или само затоа што тие тоа го сакаат. Секако со подароците не треба да се претерува.

– Правењето услуги- главната цел која ја има првењето на услуги е на децата да им помогне да пораснат во зрела возрасна личност која ќе биде во состојба и таа самата да им помага на другите и да им направи услуга кога ќе биде потребно, помошта и безрезервната услуга се едни од темелите на љубовта.

Likes:
0 0
Views:
27
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *