Зошто женскиот мозок во бременоста има поинакви „поставки“

Медицината има логично објаснување зошто женскиот мозок во бременоста има поинакви „поставки“, што понекогаш, за останатите,  животот со трудницата го прави исклучителен тест на толеранција и издржливост.

Според статијата на доктор Џордан Левис, невропсихијатар од Државниот универзитет во Пенсилванија објавена во списанието „The Conversation“, честите промени во расположението на идната мајка по зачнувањето се должат на промените на нивото на естроген и прогестерон.

Овие хомони се создаваат во постелката и со напредувањето на бременоста нивното ниво во организмот на мајката значително расте.

Веќе е познато дека тие имаат силно дејство на начинот на кој мозокот на жената функционира. Имено, естрогенот е поврзан со зголемувањето на нивото на допамин и серотонин во региите на мозокот важни за регулација на емоциите, начинот на однесување и расположението.

Според истражувањата, до седмата недела од бременоста нивното ниво е за два до три пати повисоко од периодот на очекуваниот пораст за време на менструалниот циклус.

Освен хормонските промени, на честите емотивни промени кај трудниците влијаат и метаболитичките промени, заморот, евентуалното присуство на болка и стрес и многу други фактори.

Likes:
0 0
Views:
25
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *