Истражување: Чувањето тајни може да му наштети на здравјето

Чувањето тајни го попречува логичното размислување-тврди науката.

Мајкл Слепиан, професор на Бизнис Школата во Универзитетот Колумбија смета дека чувањето на тајните за многу луѓе е создава исто чувство како да се притиснати од извесен физички товар.

Иако чувањето на тајни е лично и индивидуално искуство често доведувајќи се во ситуација да ја скриеме тајната повеќето луѓе реагираат со доживување на ситуација во која се попречува логичното размислување.

Според резултатите од ова американско истражување кога луѓето се преокупирани со нивните тајни, не расудувале со иста прецизност како и оние кои не биле опседнати со чување на тајните. Имено, ридовите ги гледале како пострмни, а дистанците подолги. Исто така, сметале и дека физичките активности кои им биле зададени бараат повеќе напор.

Освен влијанието врз способноста за правилно расудување, чувањето на тајни, според истражувачите, може индиректно да влијае врз здравјето на целиот организам. Психичкиот притисок кај некои луѓе кој го создава спознанието кое не треба да се сподели, или пак чувството на вина што таа информација не е или била споделена, може драстично да го зголеми нивото на кортизол во организмот, што може да предизвика проблеми со дигестивниот систем, проблеми со несоница, намален или зголемен апетит, метаболитички промени, стареење на кожата и слично.

Likes:
0 0
Views:
112
Article Categories:
ЖИВОТЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.