Како да се однесувате кога детето се обидува да ги тестира вашите граници

Оваа приказна на повеќемина родители им е добро позната-тригодишно дете кое вреска, се фрла на подот, прета со рацете, удира со нозете, зацрвенето лице, солзи, гребење, фрлање на предмети….. Однесување кое може да биде вистински предизвик за родителот, тестирајќи ја неговата способност за смиреност.

Вистината е дека повеќето родители не знаат која е најдобрата опција за нивната реакција во тој момент.

Психолозите велат – без грижа, тоа се само испади на бес и лутина ( тантруми ), збир на негативни емоции, кои се најчести во приодот по втората до четвртата година од животот на детето, период кога детето интензивно напредува во сите полиња: моторика, говор, спосбност за спознавање на нештата од неговата околина. Тоа е период во кој детето полека почнува да станува се посигурно во себе и поставува потреба за независност обидувајќи се да се снајде во конкретна ситуација, да донесе одлука или едноставно да ги тестира своите можности и способности.

Се смета дека темпераментните деца имаат повеќе вакви испади. Тантрумите се најчести кога детето е уморно, поспано,болно, гладно, жедно и сл.

Сите родители кои биле сведоци на тантруми на сопствените деца ќе потврдат дека, без сомнеж, станува збор за исклучително напорен период од развојот на детето.

Освен добро развиената способност кај секој родител за пренасочување на вниманието на друга активност, подеднакво важно е на детето да му се даде ограничена можност за избор која би претставувала еден вид тренинг на самостојноста ( пример да избере едно од две понудени јадења за вечера ).

Како да се однесувате кога детето се обидува да ги тестира вашите граници:

Останете смирени и не очајувајте, таквото однесување нема да трае долго ако правилно постапите.

Бидете сигурни дека во тие моменти вашето дете се соочува со неможност да ги контролира сопствените емоции, затоа бидете вие тие кои го умеат тоа-контролирајте ги своите постапки и не попуштајте.

Своето незадоволство изразете го мирно и обидетете се да го игнорирате однесувањето на детето ( секако, доколку нема опасност да се повреди ). Ако се фрла на подот, ако се удира себе или вас, цврсто прегрнете го и држете го во таа позиција се додека не се смири.

Најважно од се е да останете на ставот кој сте го имале пред да настапи тој испад во однесувањето и да покажете непоколебливост, бидејќи ако еднаш попуштите и го промените мислењето по тоа однесување, детето ќе добие сигнал дека со таквото однесување секогаш ќе може да добие што сака и ќе го повторува почесто.

Likes:
0 0
Views:
20
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *