Неправилниот опфат на дојката за бебето значи помалку млеко а повеќе стомачни колики

Бебето кое добро ја прифаќа дојката добива повеќе млеко од она бебе кое има неправилен прифат на брадавицата-тврдат лекарите.

Во тој случај, кога постои неправилност во прифаќањето на брадавицата бебето добива доволно млеко само ако дотокот на млеко е брз и силен.

Кога мајката произведува млеко во изобилство обично не се чувствува проблемот со лошото прифаќање на брадавицата. Но, мајката може да ја плати цената на овој проблем со оштетување на брадавиците, појава на чести колики кај бебињата и бебе кое постојано бара да се дои.

Во првите три до шест седмици од животот бебињата често заспиваат на дојката, но не само кога ќе се надојат во целост, туку и кога протокот на млеко е слаб а тие малку заситени немаат желба да повлекуваат повеќе. По овој период бебињата обично ја испуштаат дојката кога дотокот на млеко е слаб, не само кога ќе се сити.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *