Не барајте самоконтрола од децата ако вие како родители ја немате

Многу често во родителството се соочуваме со ситуација да треба да го потикнеме детето на одредено прифатливо однесување.

Доколку неговите желби и потреби се разликуваат од нашите желби и потреби како родители логично е да очекуваме детето да се однесува несоодветно, поинаку од она што ние како родители го сметаме за добро и примерно.

Дали казната изречена во афект има реални позитивни ефекти?

Пред да реагирате на несоодветното однесување на детето размислете за совите чувства. Застанете за момент и избројте до десет. Вдишете длабоко и размислете, поради што всушност ви пречи и ве лути однесувањето на детето? Имајте на ум дека и детето има свои потреби, без разлика како вие во моментот се чувствувате. Бидете свесни дека детето не е одговорно за тоа какво е вашето моментално расположение. Ако вие сте лути или можеби се чувствувате лошо поради одредена причина, тоа се ваши чувства и ваша одговорност како ќе се носите со тоа.

Запрашајте се, дали вие би сакале некој друг да се однесува со вас на истиот начин како што вие се однесувате кон детето, да реагира кон вас како што вие реагирате на однесувањето на детето, особено поради тоа што тој некој веќе чувствува одредена негативност?

Доколку сте вознемирени, не го казнувајте детето. Секогаш размислете која е поефективната алтернатива од казнувањето? Можеби разговорот?  Повлечете се, без разлика колку голема лутина чувствувате во моментот. Повторно вратете се пред детето во оној момент кога ќе почувствувате дека повторно сте стекнале контрола над себе и своите емоции. На тој начин ќе си дадете време да размислите и да одберете кој е најсоодветниот начин да реагирате.

Размислете, често бараме од децата да имаат самоконтрола, каков пример би биле ние родителите ако ја немаме истата?

Likes:
0 0
Views:
27
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *