Ниту најскапите играчки не можат да го заменат присуството на родителите

Ниту најскапата играчка на светот не може да ги замени љубовта, вниманието и присуството на родителот во животот на едно дете.

Исполнетиот дневен распоред секогаш мора да трпи одредени измени давајќи му приоритет на квалитетното време кое треба да го поминете со детето. Ако имате повеќе деца, психолозите советуваат, во извесен период да го поделите поминатото време помеѓу децата, значи посветете се само на едно дете во еден одреден период, дури и ако се работи за само половина час дневно.

Тоа време поминато со вашето дете игра голема улога во зголемување на неговата самодоверба, чувството на припадност, згриженост и љубов.
Бидете специфични во делувањето во тој период, потрудете се детето да сфати и да биде свесно за тоа дека тие неколку минути или часови сте ги одвоиле само за него, без разлика дали времето ќе го поминете во редење на коцки, читање на приказна, решавање на домашни задачи, релаксиран разговор или пак долга прошетка во паркот, секако според интересите на детето кои ја одредуваат неговата личност.

Никогаш не дозволувајте напорниот работен ден или презафатеноста да ви бидат изговор зошто не сте одвоиле време за квалитетна и забавна игра со вашите деца. Од боење до моделирање, читање или раскажување, вашето дете со сигурност ќе ужива во вашето активно присуство. Играта со детето може да помогне да се интензивира чувството на блискост, но и да му потврди на детето дека сте тука за него, вие и вашата неизмерна љубов.

Likes:
0 0
Views:
108
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.