Ова се трите најголеми непријатели на секоја љубовна врска

Односите помеѓу луѓето ниту малку не се едноставни. Едно е сигурно, треба да се наоружатее со трпение и способност за компромис. За да одржите здрава врска со вашиот партнер, освен овие способности кои сигурно ќе ви помогнат во секојдневните предизвиди, треба да ги земете во предвид и трите главни фактори кои се вистински уништувачи на една љубовна врска.

1. ЉУБОМОРА

На врската која постојано ја гуши константна љубомора и сомнеж не и е судено да трае. Секојдневното „проверување“ на партнерот нема да направи ништо друго освен што ќе го отурне од вас. Долгорочно, кај вашиот партнер ќе се развие чувство на „златен кафез“, односно чувството на ограничена слобода поради токсичната љубомора која го отежнува рефлектирањето на сопствената индивидуалност без разлика дали таа се темели на реални докази или параноја!

2. ЛАГИ

Една од најголемите животни вистини лежи во поговорката „на лагата и се кратки нозете“! Лажењето, дури и за безмислени и безопасни ситници никогаш не е опција во една здрава врска. Порано или подоцна се ќе излезе на виделина, а во тој момент ќе ја изгубите една од најважните алки во љубовта-довербата.

Колку и да боли вистината не ја сокривајте. Не се заштитувајте со лаги и изговори со цел да го одржите мирот. Не ја постигнувате целта. Мирот изграден врз лаги е како меурче од сапуница-кога тогаш ќе пукне.

3. ТИШИНА

Што е најлошото што можете да го направите во една врска? Да си легнете лути еден на друг. Кога ќе дојде до расправија обидете се да го решите проблемот што поскоро, не дозволувајте си на себе да станете една од оние личности која нема храброст да им погледне на проблемите во очи и наместо да се соочи со нив ги турка „под тепих“. Игнорирањето на фактите не ги менува фактите. Тие се такви какви што се. Победете ја сопствената гордост и разговарајте.

Отсуството на комуникација со вашиот партнер сигурно на крајот ќе ве притисне во ќошот – тогаш бидете сигурни дека ќе имате време за вашиот мобилен!

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *